Наставнците од Чифлик наместо на летен распуст, на нива

Летните одмори не секогаш се користат за одмор кај одредени вработени во образованието. Додека не се на настава, браќата Јакупи од село Чифлик, професори по албански јазик и историја, работат на нива каде што одгледуваат јагоди, цреши, домати, пиперки и други земјоделски култури. И покрај големите обврски, наставникот Ајрула Јакупи рече дека никогаш не прави компромиси во наставата, а земјоделството секогаш го остава на второ место.
„Ако треба, се будиме и порано, во 16:30 и до 19:30, ова е сезонска работа, бара поголема посветеност само при собирањето бидејќи на пример, доматите не се нешто што може да се забрза во споредба со јагодите. Образованието е образование, ако имаме простор да направиме отстапки, ќе направиме отстапки овде, но не во образованието и училиштето“, вели Ајрула Јакупи, наставник.
Во меѓувреме, наставникот Џеваир Јакупи објаснува дека сегашната плата на наставникот не може да ги покрие трошоците на едно семејство.
„Точно е дека платите во образованието се катастрофа, можам да кажам од сите. Работам во образованието од 2003 година, платите ни беа повисоки од оние на здравството, Министерството за внатрешни работи и одбраната, но денес сме на дното и немаме каде да одиме. Ние сме во село, живееме овде, имаме слободно време, се занимаваме и со земјоделство, но некој што се занимава само со образование е малку проблем, не малку, во последно време стана голем проблем“, рече Џеваир Јакупи, наставник.
Селото Чифлик во општина Сопиште се издвојува по квалитетот на земјоделските производи, особено доматите, црешите и јагодите кои често завршуваат на странските пазари.
Мелихате Рустеми