ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе важат кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени

Министрите од ДУИ поднесоа оставки од функциите кои ги извршуваат, а ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. Ова го напиша лидерот на интегративците Али Ахмети на неговиот Фејсбук профил.

Advertisements

„Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени“, стои во обраќањето на Ахмети до премиерот Димитар Ковачевски.

Во обраќањето до Ковачевски, Ахмети вели дека државата се наоѓа во критична фаза за нејзината европска иднина и дека ДУИ ќе ја преземе одговорноста како политичка партија. Како што пишува Ахмети, тие се решиле на ваков чекор прифаќајќи го условот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ дека ќе поддржи уставни измени без ДУИ во влада.

Ваквата одлука ја најави вчера министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button