МАКЕДОНИЈА

Се трага по маж кој вчера исчезнал во водите на езерото кај браната „Глажња“

Спасувачките екипи се во потрага по маж кој вчера влегол во водата на езерото кај браната „Глажња“ во Липково и не излегол оттаму, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

Advertisements

Се работи за маж со иницијали Ф. Р. од село Никуштак, на возраст од 30 години.

Потрагата по него трае од вчера, а нуркачки екипи од Специјална антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи (МВР) и денеска ќе го пребаруваат вештачкото езеро.

Дека е исчезнато лице во водите на езерото вчера било пријавено во ЦУК околу 13:50 часот, по што случајот бил пријавен и во СВР Куманово. За физичко обезбедување на местото биле ангажирани полициски службеници од полициската станица „Матејче“, а преку кумановската полиција вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button