ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со уставните измени власта се обидува да протурка дводомен парламент

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера излезе со нови тврдења околу тоа кои се мотивите и целите за отворањето на Уставот.

Advertisements

Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, претседателот на ВМРО ДПМНЕ оцени дека со уставните измени власта меѓу другото се обидува да протурка и востановување, како што потенцира, дводомен парламент. Мицкоски оценува дека целта на уставните измени е да се промени устројството на Законодавниот дом и наместо еднодомно, како што е според актуелниот Устав, Собранието да има два дома.

Градејќи ја оваа теза, Мицкоски најпрво со критички тон се осврна до претставниците на меѓународната заедница кои во пресрет на изјаснувањето за уставните измени засилено ја посетуваат земјава. Тој забележува дека никој од нив не говори за ништо друго освен за вметнувањето на Бугарите во Уставот.

„Зошто еве сега да ги прашам мораше суштината на амандманите да биде во парламент, зошто мораше да ја извадат таа суштина, кој ја бара од нив? Првиот чекор, првата фаза е потребата за отворање на Уставот. Се поднесува иницијатива, зошто мораше текстот на амандманите да биде дел од парламентарната процедура. Затоа што де факто таму се прави дводомен парламент со 43 пратеника“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа теза Мицкоски ја темели на предложената измена во нормативниот дел на Уставот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button