МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Мечкин Камен: Илинден е темел на Македонија

„И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. И денеска македонскиот народ, граѓаните во Македонија покажуваат пркост и знаат за што се борат, а се борат за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање по повот 2 Август од Мечкин Камен.

Advertisements

„Пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button