МАКЕДОНИЈА

На Илинден се возело пребрзо, полицијата казнила речиси 500 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчера при спроведена засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 481 возач.

Advertisements

Според информациите од полицијата, 15 од казнетите возачи возеле дури 70 километри на час побрзо од дозволеното.

„Од нив 68 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 173 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место“, соопштуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button