ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ДКСК со нов заменик-претседател

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска, во рамки на 90. седница, ја избра Софка Пејовска Дојчиновска за нов заменик-претседател.
Пејовска Дојчиновска доаѓа на местото на Катица Николовска, на која членовите на ДКСК и заблагодарија за досегашниот вложен труд.
-За следен заменик-претседател се предлага најстариот член, кој работи од првиот ден од формирањето на ДКСК, рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска пред гласањето.