Протести во Тетово, се бара отстранување на депонијата

Сопствениците на земјиште кои гравитираат во близина на местото за товар и истовар на отпад одредено од комуначното јавно претпријатие Тетово протестираа поради загадувањето на нивното земјиште. Некои жители кои имаат куќи околу оваа депонија велат дека не можат ниту да ги отворат прозорците, ниту да се движат по овој пат, поради миризбата. Од општина Тетово се бара да ја премести депонијата, во спротивно протестите нема да престанат.
„Бев во комуналното претпријатие, поднесов жалба, немаме избор. Овде ги обработувавме сите земјоделски култури, ова беше една од најплодните“
„Не знам до кога ќе продолжи ова и како мислат да не пуштат да живееме десетина метри од депонијата со деца и семејства и се. Доколку не се преземат мерки, ќе продолжиме и целосно ќе блокираме“, реагираат жителите.
Контактиравме и со јавното општинско претпријатие, од каде ни одговорија дека проблемот ќе се реши во текот на годината.
„Пролонгирањето на отстранувањето на овој пункт од ова место за два месеци се случува поради доаѓањето на иселениците, додека, по заминувањето на иселениците, и поделбата на претпријатието на две нови претпријатиа, ќе го отстрани овој пункт од сегашното место, бараме трпение од жителите бидејќи претпријатието работи на решавање на овој проблем и изнаоѓање нова локација за товарање и растовар на градскиот отпад“, велат од јавното претпријатие „Тетово“, велат од Комунално Претпријатие „Тетово“.
Околу ова место, покрај загадувањето на почвата, загадена е и водата од бунарите кои жителите претходно ги користеле за пиење и за наводнување на нивите.
Башким Сулејмани