МАКЕДОНИЈА
ЦУК: Целосно изгаснат пожарот кај Штип, во моментов нема активни пожари на отворено

Пожарот кој утрово повторно се разгоре кај Штип и се ширеше кон селото Драгоево е целосно изгаснат, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Пожарот во близина на Штип, покрај патот кон Радовиш избувна вчера доцна вечерта и зафати површина од 130 до 150 хектари. Тој бил локализиран ноќеска околу 2:00 часот, но, како што информираа од ЦУК, утрово повторно пламнал. По интервенцијата на надлежните тој сега е целосно изгаснат.