ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Апелација ја преполови затворската казна на велешанецот кој усмрти дете на пешачки

28 годишниот Ангелче Николов од Велес кој минатата година во декември, возејќи под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената, усмрти 11 годишно девојче на пешачки премин во Велес, по што избега, доби намалување на затворската казна од осумнаесет на осум години, потврдуваат за 360 Степени од Основниот суд во Велес.
„Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес од осумнаесет на осум години затвор. Што се однесува до поднесување на жалба, тоа законски е невозможно, што значи дека оваа одлука на Апелација е финална и правосилна“, одговорија од велешкиот суд за 360 Степени.