
На денешниот состанок во МИОА, од двете засегнати страни било констатирано дека постојат голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници. Притоа било нотирано и дека иако синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерство за финансии и во Министерство за здравство, досега одговор не добиле. Затоа, велат, доколку не добијат решение до септември, ќе излезат на протести заедно со полицијата.
„На состанокот се реши дека има голем број аномалии во колективниот договор во врска со здравствените работници, со здравствениот административен персонал, со техничкиот персонал за коишто има потреба да се решат постепено“, рече националниот координатор за независните синдикати за здравство, Боби Бојчевски.