ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите во близина на Буково најавуваат протести

Илјадници домашни и странски туристи се изнадишија густ чад и неподнослива миризба,кои десетина дена се шират од дивата депонија Буково. Жителите од населените места во близината на депонијата најавуваат протести и блокада на патот. Од Центарот за јавно здравје велат дека неконтролираното горење на неселектиран, разноврстен комунален отпад е опасно по здравјето на луѓето.

Advertisements

„Комуналниот отпад што се одлага на депонијата во Буково содржи разноврстен, неселектиран отпад, и при горењето на таквиот отпад зголемена е опасноста од присуство на бројни штетни супстанции во воздухот. Штетните ефекти на овие загадувачи на воздухот по здравјето на луѓето, најповеќе се воочуваат кај органите за дишење со можност за развивање на сериозни белодробни заболувања, како што е хронична опструктивна белодробна болест, емфизем на белите дробови, бронхијална астма, карцином“, наведоа од Центар за јавно здравје,Охрид.

Екологистите апелираат да се преземат трајни мерки, за да се спречи понатамошно палење на депонијата.

„Добро е да има и постојан мониторинг со термални камери кои што работат на инфра црвена светлина и ја мерат разликата во температурата на депонијата кои ќе овозможуваат брз одговор доколку се појават првите знаци на пожар и сето тоа да се комбинира со поставување на детектори чад“, вели Ѓоко Зороски-екологист.

Заровски вели дека на депонијата не треба да се одлаагаат гумени материјали, а стаклото да се селектира.

На Буково, дневно се одлагаат и по 80 тони најразновиден смет. Деновиве таа се затрупува со земја и се гасеше со течна алга со помош на беспилотно летало.Од јавното претпријатие Охридски комуналец велат дека на двапати пожарот бил намерно подметнат.Инаку Буково заедно со струшката депонија по препорака на УНЕСКО требаше да биде затворена до 2020 година,но засега од тоа нема ништо, бидејки се уште се чека изградбата на регионална депонија која треба да биде готова до крајот на наредната година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button