ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гужва пред шалтерите на МВР за новите документи

Доаѓањето на иселениците го зголеми бројот на барања за обезбедување документи за идентификација, поради што протокот на граѓани низ шалтерите на МВР е голем. Овој процес не се одвива без проблеми.

Advertisements

Вистински хаос се случува во секторот за внатрешни работи каде граѓаните треба да се пријават за документи за идентификација, без разлика дали се тоа лични карти или пасоши. Се обидовме да провериме дали функционираат броевите за закажување, но и двата броја не се во функција.

Граѓаните велат дека не знаат како да закажат термин, бидејќи никој не им одговара ниту по електронски пат. Александар Капаевски денеска дојде лично да праша на шалтер кои чекори треба да ги следи, бидејќи на неговиот син треба итно да му се обезбеди лична карта.

Од МВР велат дека рокот за да се извадат нови документи со новото државно име е до 12 февруари 2024 година. Старите документи по овој датум, нема да важат, односно нема да може да се помине границата, ниту ќе бидат прифатени како валидни документи во институциите. Со стара возачка дозвола нема да да биде дозволено ниту да се управува со моторно возило. Од МВР велат дека работат со полн капацитет.
Ангеловски вели дека телефонските броеви функционираат, но поради оптоварување од големи број повици, се случува граѓаните да не можат да се поврзат со операторот. Оние кои нема да успеат да се јават кај операторот, вели Ангеловски, можат да го закажат терминот онлајн преку веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button