ВЕСТИЗДРАВСТВО

Втор случај на заразен со опасната „Конго-кримска хеморагична треска“ во Македонија

Вработенa на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) пројавилa симптоми на конго-кримска хеморагична треска откако инфекцијата беше детектирана кај 27-годишна жена од Штип, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Заразенaтa пројавилa симптоми на деветтиот ден од надзорот и е идентификуванa како контакт со среден ризик.

Advertisements

Од МЗ велат дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спровела потребните активности, односно извршила анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.

Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направиле пребарување на контактите, нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им биле издадени решенија од ДСЗИ и се ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button