ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владеачките партии подготвија Манифест за преговорите со ЕУ

Со заеднички Манифест  партиите на власт бараат  сите парламентарни партии да заземат заеднички став за преговарачкиот процес со Европската унија. Овој документ обезбедува превентивни одредби за други евентуални услови кои може да и се наметнат на земјата во текот на преговарачкиот процес и кои не се директно поврзани со принципите на ЕУ. Во Манифестот, партиите потписнички предвидуваат дека:

Advertisements

Манифест за пристапни преговори:

  • Собранието да ги одобри уставните измени за итно и безусловно одржување на втората Меѓувладина конференција… без дополнителни одлуки од земјите членки.
  • Во текот на преговорите за членство до нивното завршување… и по прифаќањето на Република Северна Македонија за полноправна членка на ЕУ, Владата нема да се согласи да разговара за решение за македонскиот јазик поинакво од она што беше истакнато во преговорачката рамка.
  • … билатералните прашања кои … не се директно поврзани со законодавството на ЕУ и Копенхашките критериуми за членство, нема да бидат прифатени како одредби, од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата…

Со цел за полноправно членство во 2030 година, Манифестот пишува дека партиите ќе се обврзат да ги завршат преговорите за членство под најповолни можни услови и во најкраток можен рок.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не го прифатиле овој документ и од партијата велат дека ќе го разгледаат само доколку сметаат дека вреди да се разгледа. Но, за нив и ова е показател дека мнозинството не цели кон консензус.

Манифестот е иницијатива на СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и другите партии кои се дел од мнозинството.

Овој документ доаѓа десет дена пред собраниската седница на која на дневен ред е потребата од промена на Уставот. Седницата е закажано за 18 август.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button