Ќучук: Без уставни измени, Северна Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија

Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Ова го коментира бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е копретседател на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија.
„Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, изјави бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.
Тој предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Северна Македонија ќе остане во една група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина.
„Никој не поставува дополнителни услови (на Скопје). Условите се тие и двете страни се договорија – Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското собрание. Оттука овие договори мора да се исполнат“, вели Ќучук.