Тетово – Улицата „индустриска“ како тркачка писта

И покрај големиот број казни од полицијата за брзо возење, прекршоците не запираат.
Најголеми прекршоци за брзо возење во Тетово се случуваат на патниот правец, познат како улица индустриска, каде пред една година смртно беше прегазено седумгодишно девојче.
Жителите се жалат дека е тешко и опасно да се движат по некои улици на Тетово, бидејќи автомобилите се движат многу брзо и тие се загрозени во секој момент.
„Премногу е ризично, и воопшто не застануваат. Тука застануваме и чекаме половина час, не застанува никој, едвај се движиме. “
„Возат многу брзо и ние сме изложени на ризик, но што да правиме, нема доволно полиција“
„Овој пат е многу фреквентен, често одам преку полето. Ако имате некоја мака, останувате тука, не можете да поминете и возат многу брзо“, реагираат жителите
Од Секторот за внатрешни работи во Тетово велат дека преземаат соодветни мерки.
„Само во текот на минатиот месец, во Тетово и Гостивар, полицијата презеде мерки против 907 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Вчера се изречени вкупно 79 парични казни за брзо возење“, рече Фатмир Реџепи, Портпарол на СВР Тетово.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи објави дека извршило засилена контрола на целата територија за санкционирање на возачите кои ја пречекоруваат максимално дозволената брзина. Санкционирани се 553 возачи, од кои 18 возеле со брзина поголема од 50 километри на час и пет возила со брзина поголема од 70 километри на час. 284 возила го пречекориле ограничувањето на брзината на движење во населеното место, а 269 возила го пречекориле ограничувањето на брзината на движење надвор од населеното место.
Башким Сулејмани