ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со услови за локален дожд, попладне облачноста ќе се намали

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Advertisements

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време, со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button