ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Манифестот е последна шанса Мицкоски да се усогласи со европскиот блок, велат од СДСМ

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го поддржи Манифестот на парламентарното мнозинство и уставните измени, според СДСМ, ќе докаже дека сите заложби за ЕУ биле само блеф пред граѓаните. Според СДСМ ова е последна можност за опозицијата.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ се уште официјално не го добиле Манифестот во писмена форм. Велат дека се уште не ја добиле ниту Декларација која Владата ја вети претходно.

Со заеднички Манифест, владеачките парии бараат сите парламентарни партии да заземат заеднички став за преговарачкиот процес со Европската унија. Овој документ, меѓу другото, предвидува и превентивни одредби за други евентуални услови кои може да и се наметнат на земјата во текот на преговарачкиот процес и кои не се директно поврзани со принципите на ЕУ, како што е одржување на втората меѓувладина конференција по уставните промени без дополнителни услови, да нема преговори за македонскиот јазик, а билатералните прашања да не влијаат на отворањето и затворањето на поглавјата за членство.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button