ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Слаб интерес на матурантите за дефицитарните студиски насоки

Додека трае електронското пријавување на идните студенти, слаб е интересот за дефицитарните насоки. На Природно-математичкиот факултет во првите денови од електронското пријавување имало 50-тина кандидати за сите насоки. Според деканот, се очекува овој број да достигне 300, слично како и претходните години. Александар Скепаровски вели дека најкритични се насоките за наставници за основно и средно образование, односно за математика, физика, хемија, биологија, хемија и географија. За нив изминативе години во просек се пријавуваат само еден или двајца нови студенти.

Advertisements

Во меѓувреме, голем интерес за пријавување има на Универзитетот на Југоисточна Европа. Од таму велат дека интерес има за сите факултети, но зголемен интерес има и за Природно-математичкиот факултет и за Факултетот за здравствени науки.

„Иако е сè уште рано да се зборува за конечните резултати од првиот рок од пријавувањето на студентите, задоволни сме од одзивот и интересот на матурантите да студираат на УЈИЕ. Според досегашните податоци на Канцеларијата за пријавување студенти, годинава поголем интерес има за Факултетот за современи науки и технологии, како и за Факултетот за здравствени науки. Споредено со минатата година, бројот на пријавени бележи благ пораст, но сè уште е рано за точниот број бидејќи првиот рок за упис завршува на 19 септември“, велат од УЈИЕ.

Уписите на Универзитетот Мајка Тереза пак, ќе траат од 24 до 30 август. Заинтересираните можат да се пријават во новиот објект. На Универзитетот Свети Кирил и Методиј годинава има вкупно 10.473 слободни места, на УЈИЕ 1.600, а на Универзитетот Мајка Тереза 1.850 слободни места.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button