ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алтернатива: Наративот „Голема Албанија“ е одраз на стравот на ДУИ

Наративот за Голема Албанија е одраз на стравот на ДУИ од губење на изборите, кој неминовно ќе следи, реагираат од Алтернатива на Африм Гаши. Од оваа партија велат дека обединувањето на Албанците во културна и духовна димензија, а не во територијална е суштината и основата на самата Европска Унија. Никој не се сомнева дека здружената албанска опозиција е директен актер во постигнувањето на полноправно членство во ЕУ. За разлика од кој било друг, ние никогаш нема да ги злоупотребуваме ЕУ и НАТО за коруптивни зделки и лични придобивки, се вели во реакцијата на Алтернатива.