ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, сончево и топло

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.