ВЕСТИЗДРАВСТВО

Рибарењето можен начин за зараза на третиот случај на конго-кримска хеморагична треска

Третиот случај на конго-кримска хеморагична треска кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење покрај дел на Вардар, каде што има доста влага, каде што има трева, трња и слично. Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Advertisements

Таа информираше и дека епидемиолози, како и Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина, се вклучени во следењето на состојбата со конго-кримска хеморагична треска и работат на терен, заловуваат и испитуваат инсекти.

Стевановиќ појасни дека конго-кримска хеморагична треска ја пренесува крлеж. Но, како што посочи, таа може да биде пренесена и од консумирање на млеко или месо, што не се третирано добро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button