Депониите секој ден горат, државата не изрекла ниту една казна

Голем дел од нелегалните депонии низ земјава се палат. И покрај тоа што ваквата ситуација се повторува речиси секоја сезона, чекорите за решавање на проблемот се минимални, ако не и занемарливи. Следењето на состојбата во дивите депонии е обврска на општинските инспектори. Законот за управување со отпад предвидува казни од две до три илјади евра.
Пред неколку недели воздухот во општина Аеродром беше позагаден од вообичаено поради горењето на депонијата Вардариште. Оваа депонија е во надлежност на инспекторите на Град Скопје.
Не многу одамна, исто се случи и во околината на салата „Борис Трајковски“ каде исто така имаше пожар. Во некои случаи, институциите преземаа иницијативи за чистење на некои депонии во земјава, но за кратко време тие повторно беа затрупани. Бројот на инспектори е мал, а недостатигот на регионални депонии дополнително го отежнува трајното решавање на проблемот.
Еви Шкопи