ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Данела Арсовска бара да се смени одлуката за улицата „Адем Демачи“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска до Советот на Градот поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав на Советот ја променил во „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност, соопштија од Градот. Дополнително на тоа, Арсовска му предложи на Албин Курти во Приштина една улица да го добие името на Тодор Александров. Имено, тој активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.