ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Протестите на пензионерите не се спонтани, зад нив стои ВМРО-ДПМНЕ

Според министерката за труд и социјална политика и претседателка на форумот на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска протестите на пензионерите не се спонтани и самоорганизирани, туку зад нив стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Целта, како што вели Тренчевска, е да се направи хаос во општеството.

Овие тврдења таа ги изнесе во разговор за утринската програма на Националната телевизија МТВ, говорејќи за една од најактулените теми деновиве, која директно го засега ресорот со кој раководи.

„Ако ги погледнеме сите оние (учесници н.з.) низ градовите кај што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родители на високи функционери во ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијта. Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите, туку дека зад овие протести стои токму ДПМНЕ се со цел да направат хаос во општеството, како што и впрочем години наназад работат да направат хаос во државата“, рече Тренчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button