ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Директорот на ФЗОМ од редовите на ДУИ си поднесе оставка

Фатон Ахмети, денеска преку социјалните мрежи се прости од функцијата генерален директор во Фондот за здравствено осигурување. Тој стана директор на Фондот за здравствено осигурување во 2021 г. а неговото директорување ќе се памети по тоа што среде хаварија со системите во ФЗО замина во САД на партиско патување и одби да се врати во земјата.
Тој на социјалните мрежи напиша дека поднел оставка за да се посвети на партијата.
„Својот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, напиша Фатон Ахмети.