Градоначалници незаконски поставуваат директори на училишта

Незаконското назначување на в.д. директор во основното училиште во стушкото село Велешта, не е единствен случај во Струга. За оваа постапка Државната комисија за спречување корупцијата веќе достави иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба. Поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски алармира дека слични случаи има и на други места, како на пример, во училиштето Гоце Делчев во селото Подгорци. Наводно таму спротивно на законот за в.д. директор било назначено лице кое не било ни вработено во училиштето.
„Со завршено средно стручно образование ветеринарен техничар. Но е поставен од страна на Мерко и истиот после тоа добива диплома од приватниот унивезитетот на Мерко со завршен Правен факултет. Истиот е и советник во Советот на општина Струга….“, вели Илиевски.
Во ОУ Браќа Миладиновци во Струга за в.д. директор е назначена вработена од гимназијата Ибраим Темо, вели Илиевски. Слично е и во Основното училиште Мурат Лабуништи каде за в.д. директор било начачено лице кое не било вработено во тоа училиште. Освен тоа, согласно законот за Основно образование, едно исто лице може да биде в.д. директор само шест месеци и тоа да биде од редот на вработение, вели Илиевски. За ваквите постапки биле запознаени и институциите во Скопје.
„Бил запознаен и Јетон Шаќири. И наместо сето ова да го согледа и да му ги одземе ингеренциите на Мерко, тој си продолжува…“, додава Илиевски.
Од Министеротвото за образование за Алсат тврдат дека според Законот за основното образование, градоначалникот по предлог на училишниот одбор именува директор на основното општинско училиште, односно вршител на должноста од редот на вработените. Директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Ферати вели дека исти случаи како во Струга има и во Скопје и тоа шест, а за секаде каде што добивале преставки, ги испраќале до Основното јавно обвинителство и до Антикорупциската комисија.
Мики Трајковски