ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од септември нови поскапувања

Цените на храната продолжуваат да растат. Граѓаните велат дека е тешко да се помине месецот, бидејќи приходите не се доволни за основните трошоци. Дел од млечните производи поскапеа и тоа по втор пат за само една недела. За разлика од пред неколку дена сега се продаваат и за околу 30 денари поскапо, но има најави дека наредните денови ќе поскапат за дополнителни 15 до 20 денари. Кашкавалот достигна цена до 900 денари, а еден килограм сирење чини над 500 денари. Луѓето велат дека многу основни производи им станале луксуз.

Advertisements

„Не, само сирење купив. Како да ви кажам, многу е тешко. Ова е катастрофа. Во моментов цените се превисоки особено за оние кои немаат. Кој има ќе си купи, кој нема, нема да купи. Што да купиме со 6 илјади денари? Не можеме да излеземе на крај со месецот. Има други кои земаат повеќе пари, но и ним ним не им се доволни, а да не зборуваме за нас со 6 илјади денари. Народот така сака, си молчи…“, велат граѓаните.

Дека цените на храната и хигиенските производи се високи кај нас го забележуваат и иселениците кои се дојдени. Ако се спореди минималната плата во европските земји со онаа кај нас и потоа се споредат цените на производите, излегува дека граѓаните во С Македонија добиваат помалку пари, но плаќаат исто или поскапо отколку во европските земји.

Во септември голем број други производи ќе имаат повисоки цени бидејќи со законските измени двојно ќе се зголеми ДДВ-то за одредени производи, од 5 на 10 проценти. Листата ќе биде долга, но точно кои производи ќе се најдат со повисоки цени сè уште не е познато. Порастот на цените на храната доаѓа откако завршија мерките за ограничување на маржите и данокот, па фирмите сами си ги одредуваат.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button