ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Захариева: Промената на Уставот на С Македонија не е голема работа, Скопје мора да ги исполни условите

С Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколу сака да започне преговори за влез во Европската Унија (ЕУ). Ова во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС го вели заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е заменик-претседател на комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на источниот сосед, во периодот од 2017 до 2021 година.

Advertisements

Повод за нејзиниот коментар, како што наведува агенцијата, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вметнување на Бугарите во Уставот. Ова, се додава во веста, е едно од главните барања утврдени во т.н. „Француски предлог“ што властите во Скопје се согласија да го спроведат пред одржување на втората Меѓувладина конференција меѓу С Македонија и ЕУ, или, како што пишува БГНЕС, пред да започнат „вистинските преговори за членство на земјава во Унијата“.

Според Захариева измените на македонскиот Устав не се голема работа и ги повикува „македонските соседи и пријатели да не се плашат од промените“.

„Измена на Уставот на РСМ не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати“, вели поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка во 49. Национално собрание на Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button