Без плата стотици вработени во тетовските средни училишта

Повеќе од 600 професори од средните училишта и техничкиот персонал во Тетово сè уште ги немаат добиено јулските плати. Причина за тоа, според секторот за образование на Општина Тетово е губењето на извештајот за плати од архивата на Министерството за образование. Според раководителите на секторот за образование, станува збор за политички притисок кој постојано се врши врз Тетово, поради расправијата со директорот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
„Како што може да се види ова е поради политички притисок врз општина Тетово бидејќи и самите знаат дека одземањето на надлежностите со одлуката за општи работи на гимназијата Кирил Пејчиновиќ, значи дека општината нема надлежност да подготви и испрати извештај за платите за гимназијата, поради што сега страдаат сите вработени во средните училишта. Општина Тетово на 9 август достави извештај за платите во печатена и електронска форма во Министерството, но сè уште не добиле плати. Тоа е техничко прашање што треба да го реши Министерството за образование и наука. Тие се правдаат дека извештајот не можат да го најдат во архивата на Министерството. Вчера од нас беше побарано повторно да го испратиме, па вчера повторно го доставивме“, рече Назми Даути, Сектор за образование на Општина Тетово.
Алсат контактираше и со Министерството за образование. Оттаму тврдат дека проблемот е технички и ветија решение.
„Од Секторот за образование на Општина Тетово велат дека доставиле извештај за плати за наредниот месец, но таа не е во архивата на Министерството, така што по повторното доставување на извештајот, прашањето ќе се реши во текот на денот и извештајот ќе биде доставен во Министерството за финансии“, велат од МОН.
Според информациите на Алсат, целиот проблем лежи во неодобрувањето на извештајот на гимназијата во Тетово, поради што Министерството за образование, на градоначалникот на општина Тетово, по втор пат му ги одзеде надлежностите за гимназијата Кирил Пејчиновиќ.
Башким Сулејмани