ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нападната екипа на ТВ Алсат, снимателот повреден

Екипа на Алсат денеска беше нападната додека беше на службена должност. Прво вербално, а потоа и физички напад се случи во Старата скопска чаршија, додека двете новинарки на Алсат Ера Ѓакова и Сара Хоџа заедно со снимателот работеа во чаршијата. Во едне момент лице кое има продавница во близина, без повод и причина со остар предмет им се заканувал на новинарите и на снимателот, при што имало и закани по животот. Потоа, без никаков повод и причина, лицето физички го нападнало снимателот на Алсат, нанесувајќи му повеќе повреди на различни делови од телото. По нападот на местото на настанот пристигнала и полицијата, но напаѓачот во меѓувреме ја затворил продавницата и избегал.