ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не дозволуваме „Ќосето“ да ‘рѓоса, Арсовска ќе го враќа споменикот

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со иницијатива за враќање на споменикот на контроверзниот македонски револуционер Андон Лазов Ќосето. Таа ја доставила иницијативата до Советот на Градот за повторно поставување на споменикот, но друга локација, меѓу булеварите „Александар Македонски“ и „Беласица“. Во писменото објаснување од Град Скопје велат дека станува збор за важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери, чиј споменик, според соопштението, тајно бил отстранет од претходното градско раководство. Арсовска вели дека нема да дозволи споменикот на Ќосето да ‘рѓоса и бара што поскоро иницијативата да се стави на дневниот ред. По налог на Градежниот инспекторат на општина Центар пред 5 години Ќосето беше отстранет од пред комплексот судови, откако беа констатирани бројни законски прекршоци.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button