
Викендов што измина започна 12-тото издание на натпреварот во лежење, кој се одржува во еко селото Брезна, недалеку од Никшиќ, а победникот добива награда вредна 1.000 евра.
Како што пренесуваат локалните метиуми, годинава се пријавија 21 натпреварувач, но тројца од нив отпаднаа после првиот натпреварувачки ден, додека уште еден натпреварувач отпадна вториот ден.
Организаторот Миќо Благојевиќ откри дека на натпреварот учествуваат и Хрвати: „Има некои од регионот, од Хрватска, БиХ, како и Руси и Украинци“.
Наградата е 1000 евра, а натпреварувачите ќе се обидат да го соборат рекордот од 117 часа лежење, поставен пред две години.