ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот

И денеска продолжуваат реакциите од ВМРО-ДПМНЕ околу собраниската седница за уставните измени која беше прекината по завршување на расправата, а претседателот Талат Џафери најави дека гласањето дополнително ќе биде закажано.

Advertisements

„Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, одговорност ќе има“, се вели во денешното соопштение испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив. Нормативите се јасни, велат од партијата и додаваат дека Џафери не можел да применува членови од Деловникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав.

„Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени. Џафери го прекрши Деловникот само за да не се изрезили власта, а со тоа си стави уште едно кршење на процедурите околу врат“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button