ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Декларација со која се бараше оставка од Мерко не помина во струшкиот Совет

Декларација на советниците од Алијанса за Албанците во струшкиот совет, која беше поднесена на денешната седница на советот,а со која се бара струшките советници да се оградат во име на граѓаните од градоначалникот Рамиз Мерко, кој од страна на Стејт Департментот на САД беше прогласен за персона нон грата, поради корупција и мешање во судски одлуки, не беше поддржана од страна на советниците од ДУИ и СДСМ во советот на општина Струга.
По ова опзоциските советници ја напуштија седницата. Во декларацијата се бара Мерко веднаш да поднесе оставка од функцијата градоначалник, а истражните органи веднаш да започнат истрага. Мерко не беше присутен на седницата.
„…изјавуваме дека граѓаните на Струга преку нашите политички преставници во Советот на општината Струга, на ниеден начин и услов не се инволвирани во значителна корупција, злоупотреба на јавни фондови, мешање во судски и други јавни постапки и оштетување на довербата на јавноста во демократските институции и функционери во државата за што е обвинет градоначалникот Рамиз Мерко од Стејт Департментот на САД и дека ние граѓаните на Струга се оградуваме од вакви и други девијантни дејствија на градоначалникот“, стои во дел од Декларацијата.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button