Ковачевски и од Атина повика да се смени Уставот

С Македонија не треба да влезе во група со Косово и Босна и да чека на евроинтегративниот пат, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој од Атина каде присуствува на средба по повод 20-годишнината од Солунската декларација, изјави дека добил потврди од претставници на ЕУ за поддршка за уставните измени.
СДСМ тврди дека преку дијалог ќе ги убеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го сменат ставот, но од партијата на Мицкоски веднаш им одговорија негативно.
Ако Уставот не се смени тогаш, според првиот човек на Алијанса за Албанците, ќе се отворат други прашања.
„Доколку не се случат уставните измени, ќе се отвори Пандорината кутија, ќе се отворат многу прашања кои веројатно многу партии ги чуваа во себе и не ги кажуваа за доброто на процесот. Но, мислам и се надевам дека уставните измени ќе се случат и заедно со Албанија ќе го продолжиме патот кон ЕУ. Ако не, тогаш ние како политичка партија ќе излеземе со позиции, ќе го видиме и испитаме нашиот став“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.
Минатиот петок во Собранието беше исцрпена расправата за уставните измени за внесување на Бугарите, но гласањето беше одложено за друг момент. Првиот човек на Собранието, Талат Џафери, тврди дека има овластување да ја продолжи седницата кога и да одлучи, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прекинувањето на седницата и неставањето на иницијативата на гласање е кршење на Деловникот.
Фатлуме Дервиши