ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 27 пожари во изминатото деноноќие, три се и понатаму активни, информираат од ЦУК

Вчера на територијата на државата имало вкупно 27 пожари на отворен простор, а противпожарните екипи и понатаму се борат со три огнени стихии кои сè уште се активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај.

Според информациите на ЦУК, активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново, каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес, каде со оган се зафатени борова шума и сува трева.

Advertisements

Од вкупниот број на пожари кои вчера биле регистирани на територијата на државата изгаснати се 24.

Пожари како информираат од ЦУК имало во општиниите Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани,  Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар.

Според Центарот за управување со кризи пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа и депонии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button