ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Поради блокадата на Бугарија, дискусијата за преговарачките рамки истисната од дневен ред на ЕУ

Денеска се одржува министерскиот состанок за европски прашања на кој требаше да се даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и најверојатно за Албанија со дополнителни услови, но поради ветото на Бугарија целата дискусија е отстранета од дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германското претседателство и останатите земји членки на ЕУ не успеаја да ја надминат блокадата на Бугарија која поради билатерални прашања со Скопје одбива да даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција оваа година, прашање кое беше апсолвирано со усвојувањето на Преспанскиот договор, договорот за пријателство и новата методологија за пристапните преговори.