Мицкоски за Ескобар: „Aко некој доаѓа за притисоци, ги згрешиле соговорниците“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека причината за посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар на Скопје не е тајна и оти ќе му ги презентира сите аргументи на неговата партија против уставните измени. Мицкоски вели дека никој не може да му врши притисок.
Овие коментари Мицкоски ги даде од партиска активност во Велес, а вчера од Кичево, рече дека Европа и светот прават стратегии како да ги скршат ВМРО-ДПМНЕ и неговите 44 пратеници за да гласаат за промена на Уставот по бугарски диктат. Тој ги повика членовите на неговата партија да се обединат за да победат на следните избори.
Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека само ако еден пратеник го изневери, ќе се повлече од политиката.
Против дневниот ред на седницата за уставните амандмани во петокот гласаа 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од Левица и Павле Трајанов.
Фатлуме Дервиши