ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Најавена средба со незадоволните пензионери

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска информира дека работната група која неодамна беше формирана за да ги разгледува предлозите како да се зголеми најниската исплатена пензија во земјава, ќе оствари средби со иницијативните одбори кои организираа протести ширум земјава. Во работната група се вклучени претставници на Министерството и на Сојузот на пензионери. Оние кои протестираат бараат линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари и минимална пензија од 18.000 денари. Но, министерката најави дека за првото прашање ќе бара мислење дали е тоа во согласност со Уставот, но судејќи по нејзината денешна изјава, тоа се уште не се случило.

Advertisements

„За линеарното усогласување ќе биде доставено барање за стручно мислење до Уставниот суд, доколку дадат стручно мислење и до Законодавно-правната комисија, меѓутоа ќе побараме и од правната, експертска јавност да видиме дали линеарното покачување е согласно со Устав и Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Секако, овие предлози ќе бидат ставени по нив да се дискутира и во рамки на работната група“, рече министерката Тренчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button