ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје марш за независноста на Украина

Украинците втора година по ред ја слават независноста на државата во услови на жестока руска агресија. Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, на одбележувањето на 32-годишнината од донесувањето на Законот за прогласување на Украина за независна држава, рече дека од почетокот на руската агресија, илјадници луѓе ги загубиле животите, додека цели градови и села се претворени во пепел.

Advertisements

„Ние Украинците кои живееме овде сме благодарни и ја знаеме и цениме оваа помош. Благодарни сме на владата, општините и сите хуманитарни организации кои ги поддржуваат Украинците овде и во Украина“, рече Олександар Урбановиќ, претседател на Здружението на Украинците во Македонија

Градоначалникот на општина Центар ја честиташе независноста на украинската држава и посака крај на војната, слобода на државата, нов развој, силна економија и враќање на мирот на граѓаните.

По повод одбележувањето на независноста, Амбасадата на Украина во Скопје и здружението на Украинците организираа марш, кој започна во Жена парк, а заврши кај улицата Украина каде ја отпеаја националната химна.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button