ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На инфективните одделенија во последното деноноќие примени 50 нови пациенти, пуштени 37 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Advertisements
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на  ОРЛ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и еден на очната клиника.
Како што информира Министерството за здравство, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти, од кои еден пациент е веднаш ставен на респиратор. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден имало 18 приеми.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button