ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи не знаел дека Евровиа била донатор на ДУИ

Османи не знаел дека Евровиа била донатор на ДУИ

Реакциите за тендерот од 1,8 милиони евра на Министерството за надворешни работи за донаторската компанија на ДУИ „Еуровиа“, министерот Бујар Османи ги нарекува „лов на вештерки“. Тој рече дека побарал од вработените во министерството целата документација веднаш да ја испратат до Антикорупциската комисија, Ревизорската комисија и Обвинителството. Османи дури вели дека бил информиран од медиумите дека компанијата е донатор, но и дека не се чувствувал среќен кога ја видел листата на оние кои се наведени во тендерот за што очекувал реакции во јавноста.

Advertisements

„Знам дека нема да верувате, но верувајте дека од медиумите разбрав дека компанијата е донатор. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирањето, бидејќи ги очекував овие реакции, затоа што никогаш не би ставил дамка на најважниот настан во историјата на оваа земја“, изјави Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека врската меѓу СДСМ и ДУИ и компанијата „Еуровиа“ е очигледна. Портпаролката Марија Митева наведува дека за тоа сведочат приходите и профитот на компанијата во последните години.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доколку Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија не постапат по сите овие информации и докази, тогаш тоа ќе значи дека ДУИ и СДСМ ги штитат своите бизнис интереси преку злоупотреба на парите на граѓаните. Министерството за надворешни работи издвојува тендер од 1,8 милиони евра за компанијата „Еуровиа“, која се јавува како донаторска компанија на ДУИ, а која треба да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за Министерскиот самит на ОБСЕ.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button