ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пензиите ќе се исплаќаат на први секој месец

Пензиите ќе се исплаќаат на први секој месец

Исплатата на пензиите се враќа како пред пандемијата. Министерството за труд и социјална политика ги информираше пензионерите дека пензиите ќе продолжат редовно да се исплаќаат. Според оваа институција, со исплатата на пензиите за месец август се враќа редовниот начин на пуштање средства, наместо предвремена исплата како што беше случај во последните години поради мерките против пандемијата. За време на пандемијата, во соработка со банките во земјава, исплатата на пензиите се вршеше етапно, поточно во четири групи како мерки за спречување на ширењето на коронавирусот кај пензионерите како најзагрозена категорија, поточно со цел да се избегне чекање пред банките и можност за загрозување на нивното здравје. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека поради завршување на пандемијата, банките престануваат со досегашната практика на предвремена исплата на пензиите, со што пензиите ќе се исплаќаат на први во месецот директно од државниот буџет.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button