ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски толкува што мислел Макрон за „двете брзини“ на ЕУ

Ковачевски толкува што мислел Макрон за „двете брзини“ на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски оцени дека е факт позитивниот сигнал од челниците на Брисел – членство до 2030 година. Во однос на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој зборуваше за т.н.

Advertisements

„Европа во две брзини“, што многумина го протолкуваа како поделба на привилегирани и помалку привилегирани членки на Унијата, Ковачевски повтори дека Макрон зборувал за брзините за зачленување. Односно, оној кој ќе ги исполни критериумите ќе може до 2030 година да се приклучи во Унијата, а во неа паралелно би течел процес на реформи.

Според Ковачевски, Македонија ќе ги претрка земјите од регионот.

„Од нас зависи колку брзо и на каков начин ќе пристапиме во Европската Унија. Јас ја предводам европската коалиција, којашто вели дека до 2030 година Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан којашто ќе стане земја-членка на ЕУ. Од друга страна, имаме антиевропска и изолационистичка коалиција, којашто вели дека сака изолација, сака да чека десет, дваесет, триесет години….“, изјави Димитар Ковачевски – премиер.

Ковачевски додаде дека после крајот на скринингот, сега единствено ќе преостане да се комплетира процесот на уставни измени на евторинтегративниот пат. Во оваа насока тој посочи дека ќе продолжат разговорите со опозицијата на сите нивоа, со директна комуникација меѓу пратениците, па и нова лидерска средба. Премиерот додаде дека опозицијата има одговорност за насоката на државата.

„Опозицијата постои за да не го поддржува премиерот. Тие постојат за да не ја поддржуваат Владата. Каква би била таа опозиција што поддржува премиер? Тогаш тоа не е опозиција. Меѓутоа опозицијата има одговорност да ја поддржи визијата и целта и стратегијата на граѓаните и на државата во кој правец ќе се движи. Тоа е одговорност на секоја опозиција“, нагласи Димитар Ковачевски – премиер.

Ковачевски беше прашан и дали ја злоупотребил во партиски цели вчерашната трибина „Ние сме Европа“ која ја плаќа Владата. Премиерот вчера зборуваше дека наредната година тој ќе составува Влада и се пофали со успеси во економијата. Ковачевски денеска одговори дека трибината е одамна планирана, за промоција на европските вредности. Сепак во одговорот повтори дека на изборите следната година ќе победел СДСМ, исто како и кандидатот за претседател на државата кој би бил кандидиран од Социјалдемократскиот сојуз.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button