ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вечерта за Нова Година „заострени мерки“, но не и полициски час

Нови мерки за заштита се очекува да бидат воведени за време новогодишните празници за да се спречи ширењето на коронавирусо. На еден од следните состаноци на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа можноста за зголемување на мерките барем во баровите, кафулињата и рестораните. Министерот Венко Филипче вели дека постои потенцијален ризик од ширење на нови жаришта.

Advertisements

Повеќето европски земји веќе спроведуваат ограничувачки мерки кои ќе продолжат за време на Божиќ и Нова Година. Но, Филипче вели дека за време на новогодишната ноќ нема да има полициски час или карантин. Тој предлага да се почитуваат сегашните мерки. А, во пресрет на Новата Година, бројките на нови заразени и понатаму се високи. Иако целата држава стана жариште и само оддалечените рурални области се со зелена безбедна боја, во овие пет градови има најмногу активни случаи:

Институт за јавно здравје:

Скопје – позитивни 29.575 од кои 10.729 активни случаи
Тетово – позитивни 4.144 од кои 1.004 активни случаи
Прилеп – позитивни 3.383 од кои 988 активни случаи
Гостивар – позитивни 2.864 од кои 937 активни случаи
Битола – позитивни 2.426 од кои 950 активни случаи

Загрижувачки е големиот број на смртни случаи. Просекот за минатиот месец е над 30 починати пациенти дневно. Од над 68 илјади позитивни дијагностицирани пациенти, во моментов има над 21.600 активни случаи, додека над 44.700 пациенти оздравеле.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button