ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Состојбата на патиштата редовна, на границите не се чека
Состојбата на патиштата редовна, на границите не се чека
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2023/09/patarina_3-780x470.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.
На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.