СПОРТ
Полјаците покажаа зошто се светска велесила

Полска е прв фаворит за златниот медал, и македонските одбојкари го загубија мечот со 3:0 во сетови. Но, прикажаа добра игра, во одредени периоди одлично се носеа со Полјаците и уште еднаш потврдија дека треба да се дел од ова европско одбрано друштво.
Ова е прв пораз за македонските одбојкари по двете победи на стартот, сосема очекуван, а сега силите ќе се насочат кон дуелите со Холандија и со Чешка.
Денес е ден за одмор за нашите репрезентативци, кои следниот предизвик ќе го имаат во вторник, кога за ривал ќе ја имаат селекцијата на Холандија (17 часот, СЦ „Борис Трајковски“)./Makfax/
FOTO: Igor Panevski