Дали ќе се извлече поука од егзодусот на туристичките работници
Дали ќе се извлече поука од егзодусот на туристичките работници

Околу десет илјади млади од Македонија летово завршија на хрватското приморје, а со тоа ги оставија без кадар угостителските објекти од Охрид и Струга. За да се спречи одливот на работници и наредната туртистичка сезона, се предлага носење на измени на законот за работни односи, со кој на сопствениците на хотели и ресторани ќе им биде оневозможена досегашната практика – да ги вработуваат работниците само за два -три месеци додека трае сезоната.
„Треба да има измени на законот, да неможе само два месеци да го земете и да го испуштите во септември.Значи треба да има некои измени на законот,каде вработените ќе се повеќе заштитени. Исто така треба да се зголеми и платата, а за да се зголеми платата треба да се зголеми и бројот на гости“, изјави Владо Суклоски-туристички работник.
А за да се зголеми бројот на гости, Охрид и Струга од туризам треба да живат најмалку шест месеци во годината вели Суклоски.За тоа е потребно прилагодување на цените.
„Неможе вие да имате во сезона и вонсезона разлика во цена во хотел од само 2 евра.Затоа има пакет аранжмани во Грција за пред сезона од 70-80 евра со платен превоз, пет-шест дена. А овде неможе три дена приватен смештај за тие пари да се најдат. Ова е нешто кое треба да се реши,а не да се каже само дека е проблем“, рече Владо Суклоски-туристички работник.
Но сопствениците на хотели велат дека со вакви цени на аранжмани и со лоша инфраструктура, неможе да се очекува гости со подлабок џеб, кои ќе донесат и зголемување на платите на вработените.
„Основно е патната инфраструктура.Под итно треба да се среди“, нагласи Филип Мишевски-менаџер на хотел.
Велат дека ќе бидат потребни дваесет години, за да се достигне нивото на плати во Хрватска, кои сега се движат помеѓу 1000 и 3000 евра.Од Хотелската асоцијација веќе побараа државата да ги субвенбционира придонесите за плати, како делумно би се спречил одливот на работници во странство.Тие пари кои не би ги давале за придонеси,да се искористат за повисоки плати.
Мики Трајковски